Основни цели и задачи на здружението се:

  • Воспоставување на реални, мерливи и општоприфатени, меѓународно    валидирани критериуми за евалуација на придобивките од примена на специфични терапевтски постапки
  • Стремеж кон подобрување на квалитетот на животот преку соодветна индивидуализирана терапија на поединци
  • Современа едукација за информирање за принципите на фармакоекономските анализи и евалуација на исходот од лечење за сите чинители на здравстевниот систем
  • Тесна соработка помеѓу сите релевантни чинители на здравстевниот систем за следење на исходот од терапијата вклучително и академската средина (Факултети, Институти, Лаборатории и сл.), владини (Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурвање, Агенцијата за лекови и сл.) и невладини (Здружение за заштита на правата на пациентите, професионални и стручни здуженија на здравствени работници и сл), домашни и меѓународни организации, како и соработка со бизнис заедницата (фармацевтска индустрија
  • Зачленување и соработка со сродни организации од земјата и светот.