ИСПОР СКОПЈЕ

На 20 јануари 2011 година се одржа Основачкото собрание на  ,, Здружението за фармакоекономија и истражување на исходот од терапијата – ИСПОР“. На основачкото собрание за Претседател на Здружението, беше избрана Љубица Шутуркова, за членови на Управниот одбор-Љубица Шутуркова, како претседател, Александар Димовски – Член и Зоран Стерјев – Член. За Заменик на  Претседателот на Здружението беше избран проф.д-р Александар Димовски, а за Секретар/Благајник Доц.д-р Зоран Стерјев.  Исто така, на собранието беше усвоена и Програмата за работа преку која како основна определба, Здружението ќе има широк опсег на делување во фармакоекономијата и истражувањето од исходот на терапијата на локално и национално ниво. Здружението ќе работи за примена и развој на фармакоекономијата и истражувања на исходот од терапијата во различни дисциплини. Здружението ќе промовира и имплементира здравствена економија од научен аспект и научни дисциплини кои ќе ги евалуираат интервенциите од ефектите на здравстевната грижа на пациентите вклучувајќи клинички исходи и оценување на здравствените услуги од страна на пациентите. Овие знаења ќе се користат како информации до здравствените регулаторни тела, што ќе овозможи во општеството да се лоцираат недоволните ресурси за здравство на поширок и поефикасен начин. На 21 мај 2011 година претседателот на Здруженето, Проф. д-р Љубица Шутуркова, потпиша договор со Меѓународното здружение за фармакоекономија и истражувања на исход од терапијата, со кој ИСПОР – Македонија стана рамноправен член на оваа асоцијација.

Договор

ISPOR Chapter Agreement

Писмо

Писмо за прифаќање