Почитувани,

Здружението за фармакоекономија и исход од терапија ИСПОР – Скопје, регионална членка на ISPOR од Република Северна Македонија е невладина организација чија што основна цел е обединување на здравствените работници, економистите, правниците и останати професионалци околу идејата за имплементирање на основните научно потврдени начела на фармакоекономијата во рамките на функционирањето на здравствениот систем и промовирање на фармакоекономските студии и анализи како значајна алатка за постигнување на подобри резултати во нашиот здравствен систем во услови на лимитирани финансиски ресурси.

Воспоставувањето на реални, мерливи и општоприфатени, меѓународно валидирани критериуми за евалуација на придобивките од примена на специфични терапевтски постапки и стремежот за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со примена на концептот на индивидуализирана терапија Република Северна Македонија се предизвик кои се стремиме да го постигнеме преку:
• едукација и информирање за принципите, значењето и придобивките од имплементацијата на фармакоекономските анализи и евалуација на исходот од примена на здравствени технологии (лекови, здравствени услуги и дијагностички пристапи) за сите чинители на здравстевниот систем и
• тесна соработка помеѓу сите релевантни учесници во здравстевниот систем за следење на исходот од терапијата вклучително и академската средина (Факултети, Институти, Лаборатории и сл.), владини (Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурвање), регулаторни (Агенција за лекови и медицински помагала) и невладини (Здружение за заштита на правата на пациентите, професионални и стручни здуженија на здравствени работници и сл. ) организации.

Проф. д-р Зоран Стерјев

Плановите и активностите на нашето здружение во периодот кој следи се:

  • Продолжување и продлабочување на соработката ИСПОР –Скопје со другите регионални ИСПОР здруженија;
  • Зголемување на бројот на нови членови и потикнување на нивно активно активно учество во проекти и активности  на ИСПОР;
  • Организирање на стручни дебати, кратки симпозиуми и стручни едукации преку кои ќе се креира јавната и стручна свест за придобивките од имплементирање на здравствената економија и фармакоекономијата во здравствениот систем во Р.Македонија;
  • Потикнување и продлабочување на истражувачките и научните активности во рамките на здружението;
  • Во соработка со регулаторните тела и фармацевтските компании, ИСПОР – Скопје ќе биде носител на истражувачки проекти чии резултати ќе придонесат за унапредување на здравствениот систем во нашата земја;
  • Продлабочување на соработката со здруженијата на пациенти во Република Северна Македонија;
  • Воспоставување и подршка на студентско ИСПОР здружение;
  • Продлабочување на соработката со регулаторните тела во Република Северна Македонија во насока на имплементирање на здравствената економија и HTA во законските регулативи и секојдневното работење;
  • Превземање, превод и адаптација на достапните веб ИСПОР едукативни курсеви;
  • Превод и издавање на достапните ИСПОР изданија и водичи.

Почитувани, планови и предизвици има многу. Ве повикувам сите Вас кои сте заинтересирани за фармакоекономијата, за евалуирањето на исходот од терапијата, за подобрувањето на квалитетот на живот на пациентите во нашата земја, за анализа на прифаќање и адаптирање на нови здравствени технологии во нашиот здравствен систем, да ни се придружите и заедно посилни да чекориме по патот на реализирање на зацртаните цели.

Со почит
Проф. д-р Зоран Стерјев
Претседател на ИСПОР – Скопје