Технологијата и интегрираните електронски медицински записи придонесоа за зголемена достапност до реалните податоци (real world data) и нивна примена за целите на истражувањата на исход и здравствени политики. Доказите од клиничките истражувања се златен стандард за евалуација на ефикасноста наздравствените технологии, но се повеќе се зголемува интересот и потенцијалот за конверзија на реалните податоци во рални докази ( real world evidence) кои со внимателна анализа и интерпретација на добиените резултати ќе бидат ставени во функција на информирање, креирање и одлучување во здравствени политики согласно карактеристиките на популацијата.

Цената на лековите е број 1 интерес во областа на здравствената економија и истражување на исходот за 2019 год. Таа е од исклучиѕелно значење за процена на потрошувачката на лековите и нејзиното влијанието врз здравствените буџети. Новите и иновативни лекови се од непроценливо значење за човечкиот живот, но истовремено се асоцирани со да ограничувања на здравствените буџети, посебно во земјите во развој. Плаќачите и корисниците на здравствените услуги освен што изразуваат загриженост за брзорастечките трошоци поврзани со лековите, истовремено посочуваат и на недостаток на транспарентност во дефинирањето на цените за здравствените услуги. Тршокот поврзан со здравствените технологии е разлличен во земјите од ЕУ. Работната група има за цел да промовира примена на алатките на здравствената економија во насока на изнаоѓање на одговори за утврдување на цената на лековите и здравствените технологии, согласно нивната вредност во насока на унапредување на ефикасноста во потрошувачката на лекови.

Се поголемото значење на гените во дијагностицирање и третман на болестите, налага потреба за економска евалуација на вредноста на генетските тестови и таргетираната терапија. Дополнително потенцијалниот бенефитот на персонализираната терапија кога станува збор за третман на малигните заболувања и ретките болести може може да биде поврзан и со ризици за плаќачите пред се заради високиот трошок и притисокот врз здравствените буџети. Примената на реални докази и податоци при здравствено економската евалуација и истражувањата на исходот од приемна на персонализираната медицина треба да даде поттик за процена на вредноста и идентификација на предизвици и модели за клиничка имплементација и рефундирање на оваа здравствена технологијаво здравствените системи.

Не постои единствена рамка и метода на процена на вредноста на здравствената технологија истовремено од перспектива на пациент, здравствен систем и социјален аспект севкупно. Обезбедувањето на здравствена грижа базирана на вредности во услови на поделена одговорност во донесување на одлуки се основа во постигнување на вреност базиран модел на здравствен систем (value based care model). Анализата на трошок ефективност и трошок искористеност е неопходни појдовни точки за информирање на плаќачите и креаторите на здравствените политики, но постојат и елементи на трошок и бенефит кои влијаат на добросостојбата на индивидуата (сериозноста на болеста, финансиската моќ и потенцијалните ризици) и се од исклучително значење за планирањето на здравствените одлуки , ноне се вклучени во овие аналлизи бидејки не можат точно да бидат измерени. Интерес на работната група се тековните трендови на развој на економски рамки за процена на вредноста на здравствените технологии и начините на кои фармакоекономските анализи може да бидат искористени во процесот на донесување на одлуки.

  • Специјални популации на пациенти- Планирањето и грижата за старите во иднина ќе преставува значаен предизвик за здравствените системи на глобално ниво. Стареењето на популацијата е поврзано со пораст на состојбите на болести кои налагаат здравствена грижа и со тоа и зголемување на здравствените трошоци. Креативни и економски оправдани планови и стратегии кои промовираат здраво стареење на популацијата на примарно, секундарно и терциерно ниво н здравствена заштита може да придонесат за справување со предизвикот на ефикасно намалување и рационализација на трошовите поврзани со процесот на стареење.

Улога на храната и исхраната во јавното здравство, се повеќе се препознава како клучна од аспект на нејзиното потенцијално влијание врз квалитетот на животот во врска со здравјето ( health related quality of life- HRQoL) и здравствената економија, како на општествено, така и на индивидуално ниво. Зголемувањето на епидемиолошките и научните докази покажува јасни врски помеѓу одржувањето на храна и здравјето / развојот на болеста. Во земјите во развој, морбидитетот и морталитетот се директно поврзани со протеинска и енергетска неухранетост, додека во многу западни земји, здравствените работници почнаа активно да го промовираат консумирањето на здрава храна, истовремено намалувајќи ја количината на енергија во исхраната.Нутриционата економија има за цел да го процени влијанието на исхраната врз здравјето и превенција на болестите преку карактеризација на здравствените и економските придобивки од специфичните препораките за диетарни навики на живот и исхраната. Развојот на оваа нова област која претставува спој на две основни дисциплини- здравствена економија и нутриција, би овозможило подобро разбирање на придобивките од правилната исхрана, во контекст на нејзиното влијание врз здравството и економијата, се со цел да се процени апсолутното и релативното монетарно влијание на оваа здравствена мерка.

Проценката на здравствени технологии кога станува збор за фармакотерапијата се смета за добро воспоставен систем кој има незаменливо и потврдено значење во утврдување на цените и донесување на одлуки за надоместување на трошокот поврзан со лекови во многу развиени земји. Сепак, ова не случај кога станува збор за медицински помагала. Медицинските помагала се разликуваат од другите здравствени технологии во повеќе аспекти: (i) тие често се менуваат брзо; (ii) клиничките исходи често зависат од обуката, компетентноста и искуството на крајниот корисник (iii) цените обично се подинамични отколку оние за лекови; и (iv) трошоците често ги сочинуваат трошоците за набавка (вклучувајќи ја и поврзаната инфраструктура) и тековните трошоци (вклучувајќи и одржување и консумативи). Дополнително, пазарите за медицински помагала имаат тенденција да бидат фрагментирани , со значаен недостаток на транспарентност и конкуренција. Како одговор, развиените земји развиваат платформи за економски проценки на медицинските помагала со цел да се демонстрира ефективноста на асоцираните трошоците и интензивно работат на намалување на цените, ограничување на јавните надоместоци и промовирање на ефикасна употреба на медицински помагала.

Истражувањата за здравствени услуги претставуваат мултидисциплинарни истражувања чија цел е да го утврдат начинот на кој социјалните фактори, системите за финансирање, организационите структури и процеси, здравствените технологии и личните однесувања влијаат на пристапот до здравствената заштита, квалитетот и трошоците за здравствена заштита и на крајот на здравјето и благосостојба на индивидуата и општеството . Истражувањата за здравствени услуги, заедно со здравствената економика, се добро воспоставени и трети истражувачки столбови кои ги надополнуваат основните и клиничките истражувања. Економската евалуација на здравствените услуги треба да одговори на прашањата поврзани со 1) потребитр и преференците на пациентите, споредба на квалитетот на живот на пациентите во различни земји, оптимална патека на здравствена грижа на пациентите со компликации и коморбидитети, клиничката и економиската ефективност на комплексните интервенции за превенција и третман на пациентите во рамки на рутинска здравствена грижа.