Визија

Меѓународното здружение за фармакоекономија и истражување на исход, The International Society for Pharmacoeconomics and Outcomes Research – ISPOR, е организација чија визија е да делува како глобална научна и образовна платформа и лидер во истражувањата од областа на здравствената економија, фармакоекономијата, процена на здравствените исходи и прифаќање и прилагодување на нови здравствени технологии.
ИСПОР – Скопје е регионална членка на ISPOR во Република Северна Македонија. Со своите активности на локално ниво ИСПОР – Скопје има за основна цел да придонесе во унапредување на процесите на донесување на оправдани одлуки засновани на веродостојни, валидини и потврдени научни и клинички сознанија, во рамките на здравствениот систем во Република Сверна Македонија преку:
- Пoдршка и унапредување на научно – истражувачката работа и практика во полето на здравствената и фармакоекономијата
- Потикнување на здравствените авторитети, врвните професионалци, клиничари, фармацевти, економисти и правници активно да се вклучат во активностите на ISPOR
- Организирање и спроведување на едукации и тренинзи од областа на здравствената економија и фармакоекономијата
- Воспоставување и унапредување на соработката со здруженијата на пациенти

Мисија

Мисијата на ИСПОР – Скопје е промоција на значењето и општествените придобивки од примената на здравствената економија и имплементација на фармакоекономијата и истражувањата на исходи во пракса во насока на рационално искористување на ограничените здравствени монетарни ресурси во општеството и создавање на реални можности за воведување на нови, обезбедување на поквалитени и ефикасно искористување на постоечките здравствени услуги во рамките на здравствениот систем.

Стратегија

Членовите на ИСПОР - Скопје (здравствени работници, економисти, правници) се максимално посветени на постигнување на целите и реализација на визијата и мисијата на следејки прецизно утврдена стратегија која се темели на:
- Создавање глобален форуми за размена на научни сознанија од областа на фармакоекономијата и здравствените исходи за пациентите;
- Иницијација и воспоставување на соработка со други истражувачки и образовни групи, регулаторни и извршни органи на национално и интернационално ниво;
- Промоција на принципи и придобивки од фармакоекономија преку развој и имплементација на стручни водичи за фармакоекономска процена на здравствени технологии;
- Обезбедување на научно базирани фармакоекономски информации и информации поврзани со исход од примена и воведување на нови здравствени технологии во подршка во креирање на национална политика од јавeн здравствен интерес;
- Идентификација на значајни прашања поврзани со здравствени технологии од интерес и развој на научно темелени стратегии за нивно решавање во подршка на оправдани здравствени политики на одлучување;
- Спроведување на фармакоекономски истражувања и истражувања на здравствен исход во насока на обезбедување на научно базирани препораки и совети за фармакоекономска оправданост на примената на здравствените технологии во клиничка пракса ;
- Јавна дисеминација на резултатите од фармакоекономските истражувања и истражувањата на здравствените исходи;